Околу 2,2 милиони вакцини против коронавирусот се аплицирани во Србија, информираше денеска епидемиологот. Предраг Кон. Тој вели дека досега не е забележан ниту еден случај на анафилактичен шок.
Според Кон, вакцинацијата досега се одвива добро, а од неа се регистрирани околу 600 несакани реакции, но се вообичаени. Запрашан за оние што се против вакцинацијата, Кон вели дека нивните ставови се неосновани бидејќи процесот се одвива на доброволна основа.
Со вакцинирањето се постигнува посилен имунитет отколку само ако е прележан вирусот, вели српскиот епидемиолог. Тој додаде дека заштитните маски ќе бидат секојдневие сѐ додека циркулира вирусот.
И покрај тоа што бројките на новозаразени во Србија не се намалуваат, владата донесе одлука за олабавување на рестрикциите, кои до вчера предвидуваа затворање на сите објекти, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.
Според новата одлука, угостителските објекти и трговските центри остануваат затворени, додека се отвораат кината, театрите, галериите, библиотеките и фризерските салони, но под нови услови – по 9 квадратни мерки по човек, како и фитнес-клубовите, бањите и спортските сали каде што мора да има по 16 квадратни метри по лице.