Министерство за внатрешни работи, при засилените акциски контроли во областа на собраќајот во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 161 санкција, меѓу кои 22 за возење со брзина поголема од дозволената, 14 за управување возило без возачка дозвола и 32 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Како што информират МВР, изречени се и 10 мерки за користење на мобилен телефон, 23 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни возила и неригистрирани возил, како и осум санкции за минување на црвено светло.
„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“.
се додава во соопштението на МВР.