Во текот на изминатото деноноќие според евиденцијата на СВР Тетово, на гостиварското подрачје, забраната за движење, ја прекршиле четири лица. Тие се лишени од слобода и ќе им бидат поднесени соодветни пријави.
Во два хотели во Маврово во карантин се наоѓаат 133 лица кои претходно допатуваа од странство, а во самоизолација се наоѓаат 72 лица.
Полицијата во Гостивар спровела редовни контроли кај лица со решение на Државниот и здравствен инспекторат за изолација и самоизолација и не се утврдени прекршувања.
Изминатата недела (од понеделникот до денес) во Општина Гостивар нема нови случаи со ковид 19 и вкупната бројка изнесува пет лица. Последните три случаи се жители од соседната Општина Врапчиште, а тестирањата ги направил гостиварскиот центар за јавно здравје.