Вкупно 356 ковид-пациенти се сместени во болничките капацитети низ земјава, а од нив четири лица се водат како суспектни на вирусот.
Во болницата во Козле се хоспитализирани вкупно 20 возрасни лица, шест деца, а две мајки и две деца се вода како сусптекти.
Во изминативе 24 часа, според последните податоците на Министерството за здравство на Инфективната клиника примени се нови тројца пациенти, а вкупно се лекуваат 76 пациенти. Од вкупиот број на кислородна поддршка се 40 пациенти, а на механичка вентилација пациенти нема.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.