Во периодот кој претстои ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне широки консултации за формулацијата на референдумот, а по нивно завршување истиот ќ се спроведе, велат од опозициската партија
Референдумот е начин да се чуе гласот на народот и од власта која е предавничка и од претставниците на ЕУ, порачуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ откако синоќа Извршниот комитет на партијата ја прифати иницијативата за референдум за преговарачката рамка.
Оттаму повторно најавуваат дека претстојниот период ќе почнат широки консултации околу референдумот и прашањето кое би било поставено на истиот.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на државата. Народот нема да дозволи бугаризација. Во периодот кој претстои ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне широки консултации за референдумот кој треба да следи, како и за формулацијата на истиот. По завршување на консултациите ќе се спроведе истиот. Народот ќе може да каже гласно ’не‘ за бугаризација“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонскиот народ, додаваат од партијата, сака да влезе во ЕУ, но под услови какви што важеле за сите претходно, а протоколот кој е дел од преговарачката рамка, според ВМРО-ДПМНЕ, ја негира македонската посебност, македонскиот јазик и историја.