Но, нивната иницијатива сепак е неформална и не би можела да има правни последици, откако претходно, беше отфрлена иницијативата за собирање 10 илјади потписи во подрачните единици на Министерството за правда, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во парламентот со старото уставно име на државата
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево соопшти дека денеска собрале уште 20 илјади граѓански потписи со кои ќе бараат поништување на Законот за попис.

Со вчерашните 25 000 колку што соопштија од партијата дека собрале за неколку часа, за два дена се собрани 45 илјади потписи (потребни се 10 000).
„Благодарност до секој еден граѓанин за поддршката. Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот, затоа што народот е силата, енергијата и кај него е вистината. 45 илјади потписи за вистински попис. Но и многу поширока порака за власта, која ако сега не ја разбираат, ќе ја разберат многу скоро“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, нивната иницијатива за поништување на Законот според кој пописот треба да се одржи во април сепак е неформална и не би можела да има правни последици.
Претходно, беше отфрлена иницијативата за собирање 10 илјади потписи во подрачните единици на Министерството за правда, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во парламентот со старото уставно име на државата.
Во меѓувреме, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски даде неколку предлози – од тоа пописот да биде електоронски, до тој да се одложи за следната година.