Последниот скандал со патниците кои од Македонија пристигнале на аеродромот во Финска и од кои 24 биле заразени со коронавирус, ја дискредитира Македонија како држава, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат оти случајот покажува дека не само што сме европски Вухан, туку поради неодговорноста на властите ги доведуваме во опасност и другите држави во Европа.
„Очигледно дека властите немаат никаква контрола врз епидемијата. Никој не знае ни кој влегува, ни кој транзитира, ни кој излегува од земјата и дали тој е носител на опасниот вирус. Македонија за жал во епидемијата е црн рекордер во регионот по смртност и заразеност на еден милион жители. Нема никаква одговорност ниту за последниот скандал со заразените патници кои пристигнаа во Финска исто како што нема никаква одговорност ниту за кластерот во Геријатрија Скопје, кластер меѓу најранливата категорија на граѓани. СДСМ, Заев, Филипче не направи ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е започната епидемијата со корона вирусот. Победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна и постои само во главите на Заев и Филипче.
реагира ВМРО-ДПМНЕ.