Владата на денешната седница донесе Уредба со законска сила за интервентна набавка на респиратори за време на вонредната состојба со коронавирусот.
Станува збор за купување на 200 респираторни машини, а за набавката Министерството за здравство ќе треба да објави јавен повик на својата веб-страница.
Тој ќе трае 72 часа, а оценката на понудите ќе ја врши тричлена комисија составена од вработените административци во Министерството.
Власта и претходно имаше обид за набавка на респиратори, но тој тендер беше поништен бидејќи, како што објасни министерот Венко Филипче, ниту една фирма не го исполнила условот за достава во краток период.