Владата на денешната седница донесе одлука да престане важност на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед, информираат од владината прес-служба.
Одлуката била донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка односно за сервисирање на граѓаните, оти постоечките количини позитивно влијаат на стабилната состојба со овој основен прехранбен производ, како и дека нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи на масло од сончоглед за јадење.
Претходно министерот за економија Крешник Бектеши за време на средбата со албанската министерка за финансии, Делина Ибрахимај, изјави дека Северна Македонија ќе започне со извоз на сончогледово масло во Албанија.