На денешната седница Владата донесе Уредбата со законска сила за формирање на фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од ковид -19.
Со оваа уредба со законска сила се уредува формирањето, финансирањето, како и намената на средствата на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од ковид-19.
Средствата собрани во Фондот, ќе се користат за финансиска поддршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија во надминување на економската криза предизвикана од коронавирусот.