Владата, на денешната седница, донела заклучок според кој Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до првата наредна седница, односно до утре, треба да достави препораки, за, како што се наведува, да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот согласно со показателите од терен.
На денешната седница, Владата донела и измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. Но, во соопштението од владината седница, не е наведено на што се однесуваат корекциите на оваа Уредба.