Комисијата за заразни болести предложила, а Владата утре на седница ќе дискутира и ќе одлучува за евентуално враќање на рестрикциите на движењето, рече денеска министерот Венко Филипче.
Тој не спомена каков е конкретно предлогот за полицискиот час, но во јавноста е веќе објавено дека предлогот е враќање на полицискиот час во Скопје, Штип, Куманово и Тетово од 22 до 5 часот.