Останува забраната за организирање свадби, матурски, крштевки или какви било веселби со музика, со цел да се спречи ширењето на ковид-19.
Владата информира дека на денешната седница го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика.
Од Сојузот на стопански комори на Македонија вчера преку соопштение побараа да се донесат нови протоколи за работа на игротеките, приватните установи за едукација и грижа на деца и објектите за свадби, родендени и крштевки.
Доколку остане забраната за работа, побараа мерки за финансиска помош на компаниите за да можат да ја преживеат кризата. Во спротивно најавија протести.