Со последните статистички податоци на Министерството за здравство за состојбата со ковид во земјава, активни се 5 673 случаи, од нив во болнички услови се лекуваат вкупно 460 пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на ковид-19. Хоспитализирани се четири мајки позитивни на ковид-19, три деца и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има шест нови приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се четири пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Од почетокот на епидемијата бројот на ковид-случаи изнесува 24 196, бројката на оздравени пациенти е 17 673, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5 673.