Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да надминеме, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук откако бројот на оздравени граѓани од ковид-19 во земјава достигна 200 лица.
„Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста“,
напиша Филипче.
Според последната статистика на Министерството за здравство, досега во земјава се регистрирани 1 225 случаи на ковид-19, од кои 200 се излечени, а 54 се починати. Во моментов се активни 971 случај, од кои 18 се откриени во последново деноноќие.
Поврзани вести:
Ковид-19: Од 54 починати во Македонија, 14 во Куманово, 11 во Струга
МЗ: Излекувани уште 21 лице, во болниците има 109 пациенти, од кои 9 се на респиратор