На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно дванаесет пожари на отворен простор, информира ЦУК
Три активни, еден под контрола и осум изгаснати пожари до 18 часот се регистрирани денес низ државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен, како што посочија, е пожарот во општина Пробиштип во атарот на село Плешинци кон село Стрмош каде гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума.
Пожар има и во атарот на село Винце, кумановско – каде гори сува трева, како и во општина Петровец, на потегот од село Горно Коњари кон село Винце каде гори сува трева, грмушки и шума.

Од ЦУК велат дека под контрола е ставен пожарот во општина Кавадарци – над депонијата во Росоман каде гореше сува трева.
„Изгаснати се пожарите во општина Могила помеѓу селата Српци и Беранци (жито), општина Велес – Бојаџиина Чешма (сува трева, трње и лозови насади), општина Струга – Генц Комерц (ниска вегетација и стрниште), општина Студеничани – с. Студеничани (ниска вегетација), општина Врапчиште – с. Неготино (сува трева), општина Струга – с. Делогожда (сува трева), општина Куманово – Споменик Костурница (сува трева и борова шума) и општина Гевгелија – на правецот од с. Миравци кон с. Петрово (сува трева)“,
информираат од ЦУК.
На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно дванаесет пожари на отворен простор.
