Според податоците на министерството, вчера во Општата болница Гостивар биле реализирани 65 прегледи, од кои 40 на инфективно, 12 на педијатрија и шест на Ургентен, со четири нови хоспитализации. Во Здравствениот дом се направени 15 прегледи
Се намалува бројот на пациенти кои бараат лекарска помош во Гостивар, по труењето со загадената вода – на 24 јули во текот на денот 80 граѓани за првпат побарале лекарска помош во болницата и Здравствениот дом, соопшти Министерството за здравство.
Според податоците на министерството, вчера во Општата болница Гостивар биле реализирани 65 прегледи, од кои 40 на инфективно, 12 на педијатрија и шест на Ургентен, со четири нови хоспитализации. Во Здравствениот дом, пак направени е 15 прегледи.

Вкупниот број на заболени изнесува 4000, а епидемијата бележи надолен тренд и влегува во смирувачка фаза, посочи министерот за здравство, Сашо Клековски.
„Во моментот треба да почне да се прави раздвојување на тоа што е заболување од епидемија и тоа што се заболени од редовни гастроентерити“,
порача Клековски.
И покрај намалувањето на бројот на пациенти, водата од гостиварскиот водовод сè уште не смее да се користи ниту како техничка вода бидејќи последните анализи покажале недоволно ниво на резидуален хлор. За да се издаде дозвола за техничка употреба, неопходно е редовните тестирања на повеќе мерни места да потврдат дека хлорирањето конечно го достигнало задоволителното и безбедно ниво.
