Ситуацијата во градот е дополнително влошена од топлотниот бран што собори рекорд стар триесет години. Во центарот на градот биле измерени 37,3 Целзиусови степени, додека температурата на пистата на главниот аеродром достигнала 55 степени

Поради чадот од повеќе од сто активни пожари во северниот дел на Онтарио, квалитетот на воздухот во Торонто моментално е најлош во светот. Канадската агенција за животна средина издаде здравствени предупредувања откако небото над најголемиот град во земјата пожолте, а швајцарската технолошка компанија „Ај кју еар“ (IQAir), која го следи глобалниот квалитет на воздухот, го прогласи воздухот во Торонто за најзагаден на планетата, пишува Гардијан.
Ситуацијата во градот е дополнително влошена од топлотниот бран што собори рекорд стар триесет години. Во центарот на градот биле измерени 37,3 Целзиусови степени, додека температурата на пистата на главниот аеродром достигнала 55 степени.
Шумските пожари што беснеат низ северозападниот дел на Онтарио доведоа до задолжителни евакуации од голем број заедници, а дел од нив велат дека имале само неколку минути да избегаат со брод преку езерото Колинс.
Scenes from Northern Ontario 😳 pic.twitter.com/F6WAfBSXbZ
— 6ixBuzzTV (@6ixbuzztv) July 15, 2026
Снимки од воз во близина на заедницата Армстронг ја покажуваат брзината и интензитетот на пожарот.
„Можеби ќе бидеме зафатени од пожар… Станува малку страшно. Сега сме опкружени со пламен“,
може да се слушне како вели член на екипажот додека пламенот минува покрај прозорецот.
🔥' This could potentially OVERTAKE US' — Train caught inside a raging inferno of a spreading wildfire in Northern #Ontario, #Canadapic.twitter.com/dJG9MdT0SK
— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) July 15, 2026
🚆🔥Trains carrying flammable materials were stranded after being overtaken by nearby fires near Collins. OPP are now…
Канадските национални железници потврдија дека екипажот е безбедно евакуиран од областа. Фотографии од семејства кои бегаат од своите домови во чамци додека огромни облаци чад се извишуваат во позадина, исто така, се споделуваат на социјалните мрежи.
Current scenes from Toronto, Canada, as thick, heavy plumes of wildfire smoke blanket the city. It is experiencing the worst air quality in the world right now. pic.twitter.com/mv4CzmuDdU
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 15, 2026
Политичарите изразуваат загриженост за обемот на пожарите и велат дека ситуацијата е кастрофална.
Бидејќи поради пожарите се затвораат автопати и тие се закана за заедниците низ Северот на земјата, властите упатуваат апел до жителите да ги следат упатствата на службите за итни случаи и да бидат подготвени во случај да биде потребна евакуација.
Последиците од пожарот се чувствуваат надвор од границите на Канада.
Според пишувањата на Си-ен-ен, издадени се предупредувања за квалитетот на воздухот за големи делови од Мичиген, Минесота и Висконсин. Прогнозерите велат дека во текот на неделата густиот чад би можел да се прошири кон Њујорк, Вашингтон и други градови вдолж источниот брег на САД.
