Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени
Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над триесетиот степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде живата во термометарот се очекува да се искачи до 38 Целзиусови степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 37 Целзиусови степени.
Сончевото и топло време, со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попалдневните часови се очекува да се задржи и во наредните денови и за време на претстојниот викенд. Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени.
