Прашањето за Гоце Делчев останува отворено до новата средба, што се планира да биде одржана до крајот на годинава, овој пат во Софија
Има нови размислувања околу Гоце Делчев , но за нив ќе се разговара на новата средба што би се одржала до крајот на годинава во Софија, соопштија историчарите Ангел Димитров и Драган Ѓоргиев, по завршувањето на дводневниот состанок во Скопје на мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Во изјавата по средбата, копретседавачите од двете земји на мешовитатат комисија посочија дека овие два дена главно се разговарало за учебниците, за одделни прашања од Средниот век. Прашањето за Гоце Делчев останува отворено до новата средба.
Истоа така, во заедничката изјава беше истакнато дека комисијата воопшто не разговара за проблемот со јазикот.
„Има мали чекори напред, тоа е важно. Разговорите продолжуваат со сите тешкотии. Би замолиле за трпение. Ние работиме минатото да го ослободиме што повеќе од стегите“,
изјавија Димитров и Ѓоргиев, нагласувајќи во неколку наврати дека тие не преговараат ик дека тоа е работа на политиката, додека оваа комисија, како што посочија, е само еден сегмент од Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија.