Пожарот во Лознани, Општина Могила, се приближи до првата куќа која е напуштена, соопшти вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој вели дека патот е непрооден и дотаму не може да се интервенира со возила
Дирекцијата за заштита и спасување е на терен и се координира со пожарникарите. Во екипи од неколку луѓе се распределуваат на најкритичките точки. Таму каде што може ќе се интервенира и со возила.
Претходно денеска Ангелов кажа дека е спречена катастрофа оти пожарот се доближил до куќите во Лознани. Сепак, тој предупреди дека опасноста продолжува оти постои ризик огнот да се спушти од другиот рид. Ангелов кажа дека линијата на пожарот е долга со километри.
