Aктивирани се и тимовите за брз одговор на Дирекцијата, бидејќи линијата на пожарот е долга со километри, кажа Ангелов вечерва
Битолските пожарникари и селаните спречија голема катастрофа во село Лознани, Општина Могила, кажа вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов од самото место. Тој вели дека иако од една страна куќите кои се во близина се спасени, од другиот рид огнот се спушта повторно.
„Таму има друга екипа од битолските пожарникари, голема благодарност до нив. Постои опасност огнот од задната страна да загрози друго село, но верувам дека, што се однесува до ова село, сè ќе биде во ред“,
вели Ангелов.
Тој вели дека активирани се и тимовите за брз одговор на Дирекцијата, бидејќи линијата на пожарот е долга со километри.
На терен се и четири пинцгауери.
