За време на посета на Киев, Фон дер Лејен му вети на Зеленски дека првите чекори на Украина кон членството во ЕУ ќе бидат забрзани, велејќи дека „тоа нема да биде прашање на години како и обично, но смета дека тоа ќе биде прашање на недели“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска и официјално на претставник на ЕУ ги предаде одговорите на прашалникот за пристапот на неговата земја во Унијата и порача дека верува оти потегот ќе доведе до тоа неговата земја да добие кандидатски статус во наредните недели.
„Цврсто веруваме дека овој процес (додавање кандидатски статус) ќе се случи во следните недели и ќе биде позитивен за историјата на нашиот народ, со оглед на цената што ја плати на патот кон независноста и демократијата“,
рече Зеленски на средбата со претставникот на ЕУ во Украина од која тамошните власти објавија и видео.
Прашалникот, кој служи како почетна точка за ЕУ да ги започне пристапните преговори, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му го предаде на украинскиот претседател за време на посетата на Киев на 8 април.
Ова следуваше откако Украина поднесе барање за членство во Европската унија по почетокот на руската инвазија на 24 февруари.
Процесот на пристапување во Европската унија е сложен и одзема многу време, па дури и ако Комисијата позитивно ја оцени подготвеноста на земјата и ѝ додели кандидатски статус, може да поминат години пред вистинското отворање на преговорите.
За време на посета на Киев, Фон дер Лејен му вети на Зеленски дека првите чекори на Украина кон членството во ЕУ ќе бидат забрзани, велејќи дека „тоа нема да биде прашање на години како и обично, но смета дека тоа ќе биде прашање на недели“.