Медведчук пред апсењето се наоѓаше во домашен притвор, но според украинското обвинителство тој побегнал набргу по почетокот на руската воена инвазија
Советот за безбедност на Украина објави снимка од поранешниот пратеник на партијата Опозициска платформа за живот, Виктор Медведчук, кој беше уапсен од страна на украинските власти минатата недела.
На снимката Медведчук бара од Путин и Зеленски да биде разменет за жители и украинска војска од Мариупол.
Медведчук во снимката нагласува дека тие се наоѓаат во блокиран град (Мариупол), без безбеден пристап преку хуманитарни коридори.
„Јас, Виктор Медведчук, сакам им се обратам на рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски со барање украинската страна да ме размени за бранителите на Мариупол и жителите кои денеска се таму“,
вели Медведчук на објавената снимка.
Медведчук пред апсењето се наоѓаше во домашен притвор, но според украинското обвинителство тој побегнал набргу по почетокот на руската воена инвазија.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, минатата недела изјави дека Кремљ ќе ја следи судбината на Медведчук и ги повикал европските политичари да го направат истото.
Неговата сопруга го повикала Путин да помогне во неговата размена, а денеска Песков рече дека ќе ја извести јавноста доколку Путин реагира.