Нињо Гереро е еден од најбараните бегалци од американските власти. Американскиот Стејт департмент во 2024 година понуди награда од пет милиони долари за информации што би довеле до негово апсење. Во декември истата година тој е обвинет од федералните обвинители во Њујорк за нарачување и организирање терористички акти на територијата на САД
„Трен де Арагва“ е поврзана со трговија со луѓе, изнуда, киднапирања, перење пари и шверц на дрога, а нејзините активности се проширија во повеќе земји од Латинска Америка, како и во САД и Шпанија. Администрацијата на Трамп на почетокот од неговиот втор мандат ја прогласи за терористичка организација и ја засили кампањата против наркокартелите и организираниот криминал во регионот
Лидерот на криминалната организација „Трен де Арагва“, Хектор Растенфорд Гереро Флорес, познат како Нињо Гереро, е убиен во американски воен напад, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен.
Во објава на неговата социјална мрежа Трут Соушл, Трамп вели дека Гереро е ликвидиран во брз и смртоносен кинетички удар, извршен од Јужната команда на САД.

„По моја наредба, Јужната команда на Соединетите Американски Држави изврши брз и смртоносен кинетички удар за успешно да го егзекутира Нињо Гереро, озлогласениот водач на ‘Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата Земја“,
напиша тој на Трут соушл.
Покрај тоа, Трамп објави и видео на кое се гледа експлозија на објект за кој се смета дека е цел на нападот.
Операцијата, како што додава е спроведена во тесна координација со венецуелските власти.
„Оваа акција е тесно координирана со нашите пријатели во Венецуела, со кои соработуваме многу добро. Како резултат на тоа, терористите од ‘Трен де Арагва‘ повеќе немаат безбедно засолниште во Венецуела или на кое било друго место. Под мое водство, ќе ги пронајдеме овие злобни убијци и наркобосови и ќе ги испратиме во длабочините на пеколот каде што им е местото“,
вели американскиот претседател.
Администрацијата на Трамп воведе повеќекратни санкции врз Гереро и други лидери на организацијата „Трен де Арагва“ за наводна вмешаност во криминални активности како што се шверц со дрога и луѓе и перење пари.
Државниот департмент на САД ја означи бандата како странска терористичка организација.
Трамп тврдеше дека групата ги координирала своите активности во САД со владата на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро.
„Пред да се вратам на функцијата, Џо Бајден ја отвори нашата јужна граница за милиони нелегални криминалци и дозволи оваа странска армија да силува, осакатува и убива американски граѓани со целосна неказнивост. За време на мојата кампања, ветив дека ќе ги протерам овие чудовишта од нашата земја. Со оваа акција, војската на Соединетите Американски Држави донесе одмазда за нив, нивните семејства и нивните најблиски. На почетокот на мојата администрација, го исполнив моето ветување да го прогласам ‘Трен де Арагва‘ за странска терористичка организација, да депортирам илјадници зли криминалци и да водам војна против картелите, кои долго време водат војна против нашите граѓани, додека слабите лидери ја оставија Америка беспомошна и дефанзивна“,
кажа тој.
Министерот за одбрана Пит Хегсет потврди дека акцијата била изведена претходно неделава со поддршка на венецуелските безбедносни сили.
Earlier this week, the @DeptofWar — in full collaboration with Venezuelan security forces — conducted a kinetic strike on a Tren de Aragua (TdA) compound in Venezuela. TdA founder & leader Hector Rusthenford Guerrero Flores, aka “Niño Guerrero,” was confirmed killed during the…
— Secretary of War Pete Hegseth (@SecWar) June 13, 2026
Владата на Венецуела соопшти дека заедничката операција вклучувала разузнавачка соработка и техничка поддршка. Во соопштението се наведува дека за време на судирите со припадници на криминалната организација е убиен Гереро, кој важеше за нејзин главен лидер.
Кој е Нињо Гереро?
Лидерот на „Трен де Арагва“, Нињо Гереро се смета за еден од најбараните бегалци од американските власти.
Како што пишува Си-ен-ен, бандата „Трен де Арагва“ е основана во затворот „Токорон“ во венецуелската држава Арагуа, од каде го добива и своето име. Бандата го контролирала затворот, дури градела базен и ресторани внатре, сè додека венецуелската влада не го вратила во октомври 2023 година. Но, Гереро, кој тогаш требало да биде затвореник, не е пронајден и оттогаш е во бегство. Кон крајот на 2024 година, Американскиот Стејт департмент понуди награда од пет милиони долари за информации што би довеле до негово апсење. Во декември истата година тој е обвинет од федералните обвинители во Њујорк за нарачување и организирање терористички акти на територијата на САД.
Организацијата „Трен де Арагва“ е поврзана со трговија со луѓе, изнуда, киднапирања, перење пари и шверц на дрога, а нејзините активности се проширија во повеќе земји од Латинска Америка, како и во САД и Шпанија.
Администрацијата на Трамп на почетокот од неговиот втор мандат ја прогласи за терористичка организација и ја засили кампањата против наркокартелите и организираниот криминал во регионот.
Од септември минатата година американското Министерство за одбрана спроведува операции против бродови осомничени за шверц на дрога во Карибите и источниот Пацифик. Според американските власти, во тие акции досега се убиени повеќе од 200 осомничени лица поврзани со наркомрежи.
