Во првиот одговор, веднаш по избувнувањето на пожарот, на терен почнале да дејствуваат вкупно 22 пожарникари, меѓу кои и пешадиски тим од Специјална единица за шумски операции и доброволци

Голем шумски пожар избувна денеска во областа Маратијас на грчкиот остров Закинтос, што предизвика масовна мобилизација на противпожарните сили, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Во првиот одговор, веднаш по избувнувањето на пожарот, на терен почнале да дејствуваат вкупно 22 пожарникари, меѓу кои и пешадиски тим од Специјална единица за шумски операции, како и доброволци.
Во акцијата за гаснење на огнот се вклучиле и осум противпожарни возила, два авиона и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни со вода од локалните власти.
Покрај тоа, надлежните испратиле предупредување за итни случаи преку бројот 112 до локалните жители на Закинтос и туристите, апелирајќи да останат во приправност и да ги следат упатствата на властите.
