Хрватското министерство за внатрешни работи објави видео-снимка од Петриња, која беше најпогодена област од земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер кој пред два дена ја погоди Хрватска. Земјотресот зеде најмалку седум жртви, а многумина беа повредени.
На видео-снимката се гледаат рушевините во Петриња, а допрва ќе се прави проценка на штетите.
Video: 29. 12. 2020 – #potres snage 6.2 prema Richteru s epicentrom 5 km jugozapadno od Petrinje pogodio je Hrvatsku. Donosimo snimku #Petrinja iz zraka toga dana. #CroatiaEarthquake pic.twitter.com/NoIdVnJvjl
— MUP-RH (@mup_rh) December 31, 2020
Денеска почна уривањето на оштетените згради од потресот. Најмалку 50 згради во центарот на Петриња мора да се урнат, бидејќи претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните.
Во тек се хуманитарни акции за секој човек што остана на улица да му се обезбеди засолниште. За привремено сместување на жителите се носат и мобилни куќи, обезбедени од Министерството за туризам и спорт во соработка невладиниот сектор и приватни донатори.
По силниот земјотрес во Хрватска, следуваа уште многу потреси, од кои најсилен беше земјотресот од 3,7 степени по Рихтер регистриран вчера во 4 часот и 43 минути со епицентар кај Петриња.