Спасувачките екипите се сè уште на местото каде што се урна зграда од 12 ката во Мајами и се обидуваат од под урнатините да извлечат што повеќе лица. Засега, се знае дека едно лице е загинато, но се трага по 51.
Делумно урнатата зграда била изградена во 1981 година, во неа има над 130 станови, а уништени или оштетени се повеќе од 70. Видео од сигурносни камери објавено на Твитер го покажува моментот кога зградата едноставно се урнала како кула од карти.
Како што јавува Вашинготн пост, 34 жители биле веднаш извлечени од оштетениот објект, две лица биле пронајдени во урнатините, од кои едно починало.
Според Сали Хејман, советничка од округот Мајами Дејд, од сите станари и сопственици на становите во објектот, на 51 лице засега не им се знае трагата.
„Имаше луѓе кои избегаа по скалите, кои излегле самостојно и за кои нема податоци како заминале. Не им се знае трагата, бидејќи немаме слушнато од нив, или семејствата или пријатели се немаат јавено да кажат дека се добро“,
изјави таа.
Властите засега не можат да кажат колку точно луѓе загинале, соопштуваат дека се одвива операција за потрага и спасување, како од страна на полицијата така и од пожарникарите, кои на местото на настанот дошле со околу 50 возила. Расчистувањето на остатоците од зградата и напорите за спасување се очекува да траат со недели.