Партијата на Албин Курти, „Самоопределување“ освои 48,13 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори во Косово, соопшти Централната изборна комисија во Приштина врз основа на 79 отсто од пребројаните гласови.
Опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) освои 17,56 отсто од гласовите, додека Демократската лига на Косово освои 13,35 отсто.Алијансата за иднината на Косово, пак, освои 7,45 отсто од гласовите.
Симпатизерите на „Самоопределување“ вечерва излегоа на улиците во Приштина и славеа победа на изборите.