Во инцидентот загинале две лица: Ентони Браун (32) од Вашингтон и Џеј Лакс (32) од Балтимор. Повредените се пренесени во локалните болници
При пукањето што се случи вчера рано наутро во Вашингтон две лица загинаа, а пет беа ранети. Полицијата околу 3 часот по полноќ добила дојава за пукање во близина на спортскиот центар Кенеди, пишува Си-ен-ен.
Во инцидентот загинале две лица: Ентони Браун (32) од Вашингтон и Џеј Лакс (32) од Балтимор. Повредените се пренесени во локалните болници.
Во овој момент не се знае зошто дошло до пукањето и кој бил мотивот, додава Си-ен-ен.
Прелиминарната истрага укажува дека еден или повеќе осомничени намерно пукале со огнено оружје кон жртвите. Засега нема уапсени.