Не очекуваат проблемот да биде наскоро решен и велат дека и да добијат насоки дека водата е исправна сепак ќе треба да поминат неколку дена пред повторно да ја користат
Пет дена откако беше донесена забрана за пиење и користење на водата од гостиварскиот водовод, „360 степени“ е во обиколка на градот. На неколку локации во Гостивар ги прашавме жителите дали пиеле вода од градскиот водовод и кои се симптомите што ги чувствуваат. Поспаност, болки во стомакот и главата се симптомите на кои се жалат.
За тоа како се снаоѓаат со снабдување со водата – велат дека најчесто купуваат, но има и такви што во дворовите имаат хидрофор, а за водата велат дека ја носеле на тестирање. Она на што дополнително се жалат е што не можат да користат вода за капење. Не очекуваат проблемот да биде наскоро решен и велат дека и да добијат насоки дека водата е исправна сепак ќе треба да поминат неколку дена пред повторно да ја користат.
„Јас сум 62 години и проблемот се средува откако бев дете. Верувам дека следните генерации ќе чекаат уште толку. Нема што да се среди“,
рече еден гостиварец.
