Од кабинетот на полскиот претседател потврдија дека се случил инцидентот, кој сигурно ќе покрене низа прашања во Полска. Ова е вторпат во последните неколку години руските комичари да успеат да стигнат до Дуда
Руските комичари Вован и Лексус се преправале дека се францускиот претседател Емануел Макрон и успеале да дојдат до претседателот на Полска, Анджеј Дуда. Тие разговарале со него на телефон ноќта кога проектил падна врз полско село во близина на украинската граница, пишува Скај њуз.
Вован и Лексус го објавиле телефонскиот разговор во траење од седум и пол минути на интернет. На снимката се слуша како еден од нив се обидува да зборува со француски акцент со полскиот претседател Анджеј Дуда, пренесува Индекс.хр.
Од кабинетот на полскиот претседател потврдија дека се случил инцидентот, кој сигурно ќе покрене низа прашања во Полска. Ова е втор пат во последните неколку години руските комичари да успеат да стигнат до Дуда.
Што му порача Дуда на „Макрон“?
Она што е особено загрижувачко е што инцидентот се случил во ноќта кога целиот свет стравуваше дека руската војна во Украина може да се прелее преку границите на земјата.
„Емануел, верувај ми, јас сум многу внимателен. Не сакам да војувам со Русија и верувајте ми, јас сум исклучително внимателен“.
вели полскиот претседател.
Кабинетот на Дуда објави на Твитер:
„По ракетната експлозија во Пржевуд, за време на разговор со шефови на држави и влади, со претседателот беше поврзано лице кое тврдеше дека е францускиот претседател Емануел Макрон. За време на разговорот, претседателот Анджеј Дуда, од необичниот начин на кој неговиот соговорник го водел разговорот, сфатил дека може да се работи за обид за измама и го прекинал повикот“.
Полските власти започнаа истрага за да утврдат како руските комичари можеле да разговараат со претседателот.
Жртва на Руските пранкери Вован и Лексус беше и поранешниот македонски премиер Зоран Заев. Тие го контактираа Заев телефонски убедувајќи го дека разговара со младата екоактивистка Грета Тунберг.
Марјан Забрчанец, тогашен советник на премиерот Заев, објави дека разоткриле хибриден напад врз кабинетот на премиерот, при што бил злоупотребен идентитетот на Тунберг. Според него, манипулаторите употребиле брендирани имејл-адреси и телефонски броеви и преку официјално барање до македонско дипломатско претставништво успеале да закажат и да реализираат телефонски разговор со премиерот Заев ретставувајќи се како Грета Тунберг и нејзиниот татко.