Премиерот повтори оти од опозицијата бара да дадат предлог со сите нивни барања во кои ќе биде вклучен делот со гласањето на дијаспората, по што би добиле бланко поддршка од владејачката партија
Моменталниот начин на кој гласа дијаспората не соодветствува со реалниот капацитет, бидејќи тие во голем број не можат да го реализираат своето право, особено иселениците кои живеат во Канада и Австралија, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Тој вели оти владејачкото мнозинство се обидело да даде предлог кој првично бил прифатен заедно со сите други измени кои ги содржат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и оти законот бил потпишан и се било завршено, да сега, иако од Левица првично биле согласни, сега прават „театар“ за малиот број гласачи кои сè уште им веруваат и оти нивните тврдења немаат никаква врска со вистината.
„Замислете овие луѓе да добијат можност да управуваат со одредена институција што ќе се случи. Велат,ние не се потпишуваме со вас, ние сме Робеспјерови следбеници и не можеме со вас, е така не може. Ако сакате да учествувате, мора да сносите одговорност“,
рече Мицкоски.
Дополнително, вели тој, потоа настапи втората опозициска партија, СДСМ која поднела илјадници аманмани и дале секакви забелешки, по што ВМРО-ДПМНЕ дал јасен предлог – опозицијата да се договори меѓусебно за се што сака да биде инкорпорирано во Изборниот законик, но да го содржи барањето за вклучување на гласањето на дијаспората и ќе добијат бланко поддршка од владејачкото мнозинство, но рече и оти и по неколку денови одговор од опозицијата не пристигнал.
„Рековме дајте да завршиме до 15 јули за десет чекори да ни бидат успешно завшрени, чекаме неколку дена поминаа, чекаме уште, немаме усогласен став на опозицијата, мислам на левица, сдсм, дуи и дел од пратеници кои не знам како функционираат, пратениците на Села, Таравари… од страна на владејачката група имаме усогласен став, кажете што сакате, ставете го на хартија“,
рече Мицкоски.
Мицкоски кажа и оти би се согласиле и на една изборна единица и оти се спремни да се откажат од дел од парите кои би им следувале, за тие да се слеат кај помалите партии и оти ќе прифатат се што опозицијата мисли да направи, но оти досегашните обиди биле јалови бидејќи од другата страна нема повратен одговор.
