Според објавите на социјалните мрежи на денешниот протест во Минск учествуваат повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.
Демонстрантите се приближија кон резиденцијата, но, патот им го блокираа специјални безедносни сили.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пристигнал со хеликоптер во својата резиденција во Минск, пред која беа најавени протести на опозицијата. Кабинетот на белорускиот претседател демантира дека хеликоптерот што слета пред Палатата на независноста требало да го евакуира Александар Лукашенко, како што претходно јавија дел од медиумите. Демонстрантите се приближија кон претседателската резиденција, но, патот им го блокираа специјални безедносни сили.
Според Кабинетот, Лукашенко не е евакуиран, туку со хеликоптер пристигнал во својата резиденција. На социјалните медиуми објавена е снимка како тој се симнува од хеликоптер, носи панцир, а во раката држи пушка.
Претходно беше објавено дека опозицијата по завршувањето на протестот на плоштадот „Независност“, ќе тргне кон претседателската резиденција. Демонстрантите се приближија кон резиденцијата, но, патот им го блокираа специјални безедносни сили.

Според објавите на социјалните мрежи на денешниот протест во Минск и покрај заканите учествуваат повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.

Во меѓувреме формиран е „Синџир на слободата“ долг 30 километри од главниот град на Литванија, Вилнус до границата со Белорусија. На демонстрантите им се придружи и поранешната литванска претседателка Далија Грибускајте.
Демонстрациите во Белорусија почнаа на 9 август поради незадоволство од изборините резултати според кои Лукашено го освои шестиот мандат со над 80 отсто од гласовите.
Демонстрантите бараат оставка од Лукашенко, додека тој тврди дека протестите имаат финансиска и воена поддршка од Запад.