Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 10 до 19 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 10 до 19 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се движат од минимални 10 до максимални 13 степени.
За утре, УХМР најавува дожд од попладневните чсови. Од почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен кон средината на седмицата, кога ќе имаа пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови на земјата. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
