СДП тврди дека премиерот Курти користел датуми и рокови за да го промовира имиџот на отпорот, пренесува Косово онлајн
Социјалдемократската партија со симболична акција го пречека премиерот на Косово Албин Курти пред Владата на Косово каде Курти пред граѓаните на Приштина го презентираше буџетот за 2023 година, пишува Косово онлајн пренесувајќи го Клан Косова.
Активистите на СДП фрлаа цреши кон Курти, кој во придружба на обезбедувањето влезе во зградата преку таен влез, поради договорот со Србија за регистарски таблички.
СДП тврди дека премиерот Курти користел датуми и рокови за да го промовира имиџот на отпорот, пренесува Косово онлајн.
„Премиерот ги користи разговорите со граѓаните како платформа за бегство од главната тема, концесијата. Тој е заинтересиран што поскоро да се заборави вчерашната тема, бидејќи зад вчерашното прифаќање на ситно прашање, како што се табличките, се криеше големото прашање, прифаќањето на ЗСО. Тие рокови требаше да ја потхранат сликата за отпорот кој не успеа. Премиерот го проголта секој негов збор. Исто како басната за цреши. Граѓаните на државата ја јадат штетата, без разлика. Господине премиер, црешите се само за вас“,
соопшти СДП.
Србија и Косово вчера постигнаа договор за регистарските таблички. Веста ја соопшти шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на косовските градови, а Косово ќе ги прекине понатамошните активности поврзани со пререгистрацијата на возилата, информираше Борел.