„Државната комисија за спречување на корупцијата од аспект на своите законски надлежности и како превентивно тело го следи случајот. Конкретен предмет немаме отворено, имаме отворено само предмет во делот на судир на интереси на едно од лицата што се спомнуваше дека бил член на Комисијата и дека учествувал како изведувач“, изјави претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ за телевизија 24
Како што пишува „Слободен печат“, станува збор за композиторот Николче Мицевски, кој бил член на Комисијата што ја одобори програмата, а потоа и учестуваше во неа, во рамките на настапот на светски познатиот тенор Хозе Карерас
Финансирањето на настаните по повод прославата на 35-годишнината од независноста на државата, за што се отвори широка дебата во јавноста, е под лупата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), но засега Комисијата отворила предмет само за можен судир на интереси кај едно лице.

Иако насловите на дел од медиумите сугерираат дека Антикорупционерите отвориле предмет за финансирањето и на целокупната програма, оттаму појаснуваат дека предметот што го отвориле е за евентулаен судир на интереси на член на Комисијата што ја одобри програмата, а потоа се најде како учесник во неа, во рамките на настапот на светски познатиот тенор Хозе Карерас.
Имено, станува збор за композиторот и продуцент, Николче Мицевски, кој се најде во двете улоги, објави „Слободен печат“, за кого предметот ДКСК го отворила по допрен глас.
Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ за весникот изјавил Антикорупциска ги разгледува и останатите аспекти на прославата, но, оти за нив нема отворено предмет.
Идентичнно е и неговата изјава за телевизијата 24, дека по допрен глас и на сопствена иницијатива, е отворен предмет за членот на Комисијата за избор на програмата за прославата, кој потоа учествувал и како изведувач во нејзини рамки.
„Државната комисија за спречување на корупцијата од аспект на своите законски надлежности и како превентивно тело го следи случајот. Конкретен предмет немаме отворено, имаме отворено само предмет во делот на судир на интереси на едно од лицата што се спомнуваше дека бил член на Комисијата и дека учествувал како изведувач,
изјавил Чучуљ за телевизијата.
Тој додал дека Антикорупциска ги следи реакциите во јавноста околу барањето транспаретност за трошењето на средствата и дека случајот се разгледува, истовремено упатувајќи повик до истражните органи да отворат постапки доколку има незаконитости во процесот.
„Ние го разгледуваме случајот, ги следиме и натписите и реакциите во јавноста. Веруваме дека и другите надлежни органи, пред се истражните органи го следат случајот и доколку ценат дека постојат одредени незаконитости дека ќе отворат постапки во рамки на нивните надлежности“,
изјавил претседателот на ДКСК.
Инаку, според новинските напаси на „Слободен печат“ од минатата недела, Николче Мицевски бил претседател на надворешната комисија која го извршила изборот на единствената пристигната понуда за органзизација на прославата на незавиноста од компанијата „Стардаст“.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) побара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да ја обезбеди целокупната документација за, како што наведуваат, нетранспарентното трошење на 5,5 милиони евра од страна на Државната лотарија за прославата на која настапи светски познатиот диџеј Дејвид Гета.
Опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) неколку дена бара од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да ја обезбеди целокупната документација за, како што наведуваат, нетранспарентното трошење на 5,5 милиони евра од страна на Државната лотарија за прославата на која настапи светски познатиот диџеј Дејвид Гета.

Покрај Јавното обвинителство, СДСМ упати повик за итно постапување и до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и до Државниот завод за ревизија за целосно расчистување на случајот и утврдување одговорност.
„Да се утврди каде завршил секој денар. Народот не е ниту ‘талог’, ниту ‘идиот’. Не може постојано да го лажете и да ги криете одговорите за неговите пари“,
изјави вчера и денеска портпаролката и членка на Извршниот одбор (ИО) на СДСМ, Богданка Кузеска.
Минатата недела, владината портпаролка и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, соопшти дека целокупната прослава на Денот на независноста, која опфати поголем број настани кои траеја речиси еден месец, а кулминираа со настапот на францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета на Националната арена „Тодор Проески“, чинела 340 милиони денари, или околу 5,5 милиони евра.
Како што наведе таа, главнината, односно 300 милиони денари за прославата биле обезбедени од нераспределената добивка на Лотарија предвидена за 2024 година, а не средства од државниот буџет.
Преостанатите 40 милиони денари од вкупната финансиска конструкција за прославата, рече Митева, биле обезбедени од општествено одговорни компании кои се приклучиле кон реализацијата на настаните.
Директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, рече дека компанијата со која раководи е посебен правен субјект и оти парите што биле дадени за прославата како нераспределени средства од добивка се нејзини пари, а не буџетски.
