Потресот е регистиран во 14:29 часот, а според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил на подрачјето меѓу Делчево и Берово, на околу 122 километри југоисточно од главниот град
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала денеска бил почувствуван во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Потресот е регистиран во 14:29 часот, а според податоците на Опсерваторијата, епицентарот потекнува од епицентралното подрачје меѓу Делчево и Берово, на околу 122 километри југоисточно од Скопје.
Земјотресот бил почувстуван во југоисточните делови на земјава, особено во Пехчево, Берово и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат до граѓаните кои го почувствувале земјотресот, за потребите на сеизмолошките истражувања, да го пополнат прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или да се јават на телефонскиот број 112.
