Каква е поврзаноста на Заев со првата снимка на македонски политичар кој зема пари пред камера, праша денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на прес-конференцијата посветена на најновите аудиоснимки и видеоснимка што се појавија на Јутјуб со ексдиректорот на Фондот за здравство Ден Дончев.
„Дали со тоа што дозволи Ден Дончев нечепнато да се повлече од директорската позиција, практичн, Зоран Заев, овозможи амнестија за овој човек, знаејќи што правел? Затоа што најверојатно го правел во координација со Заев. Дали тоа беше причината поради која Зоран Заев дозволи нечепнато да се повлече Ден Дончев од директорската позиција“,
беа дел од прашањата што Николоски ги постави на прес-конференцијата.
Тој, исто така, праша и за улогата на, како што рече, адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски, кој се спомнува на снимката.
Николоски се осврна и на снимките кои беа објавени викендов прво на истиот овој канал „Али Баба Тредичи“ (сечени и скратени), а потоа и на „Добриот човек“ во проширена верзија, а се однесуваат на случајот „Рекет“.
„Зошто упорно молчи Заев за рекетот од над 6 милиони евра и видеата и снимките што беа објавени? Ова се баснословни суми за сите македонски граѓани, за сите оние што ги слушаат. И зошто ги релативизира овие прашања и не бара одговорност од неговите луѓе? Одговорот е едноставен, затоа што одговорноста завршува со нив“,
рече Николоски.
Тој ја коментираше и изјавата на Заев дека ДУИ треба да замине во опозиција.
„Денес дознавме дека и ДУИ ѝ пречи, иако 3 години братски владее со нив и направи коалиција во последен момент. Заеднички тогаш се договорија и ја нарече братска коалиција, а после три години ‘пу-пу не важи’. Ама во овој период заеднички и братски воведоа двојазичност во Македонија, го променија името и ја продадоа историјата, со цел да можат да владеат и да си го покриваат криминалот што почна да излегува затоа што криење на криминал нема“,
рече Николоски.
Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ во кампањата ќе презентира програма со над илјада проекти и со фокус во економијата.