По двонеделен карантин, тимот на СЗО прво отиде во обиколка на болницата „Ѓинитан“
Истражниот тим на Светската здравствена организација, кој под строг надзор на кинески официјални лица, трага по потеклото на коронавирусот, ја посети болницата во Вухан, каде што се лекуваа првите заразени пациенти.
По двонеделен карантин, тимот на СЗО прво отиде во обиколка на болницата „Ѓинитан“.
По напуштањето на болницата, истражителите на СЗО не одговорија на прашањата на новинарите, но членот на тимот Марион Купманс на својот Твитер профил потврди дека посетата на болницата е завршена.
СЗО претходно објави дека членовите на истражниот тим нема да имаат контакти со локалната заедница, поради ризик од ширење на вирусот.