Коалицијата „Вреди“ на изборите освои 13 пратеници, што е значително помалку од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ која освои 19 мандати. Сепак, токму коалицијата на опозициските партии на Албанците беше таа што ги запоседна плоштадите во Тетово и во Скопје, славејќи победа.
Освоените мандати се доволно за лидерите на коалицијата да бидат речиси сигурни дека се прв партнер за преговори со ВМРО-ДПМНЕ за формирање нова влада.
Проследете ја репортажата од случувањата во штабовите на „Вреди“ и по улиците во Скопје и во Тетово.