Во 21 часот почна полицискиот час во Куманово. Тој ќе трае 56 часа односно кумановци ќе можат да излезат од своите домови дури по 5 часот во понеделник.
„360 степени“ направи обиколка низ градот. Полициските контроли во 21 часот веќе беа распоредени, а на улиците речиси и да не поминуваат граѓани и автомобили освен оние кои имаат дозвола.
За разлика од сегашната, сликата од пред неколку часа во Куманово беше сосема различна. Имаше голема раздвиженост на жителите кои се најдоа затекнати од одлуката за полицискиот час и ги наполнија маркетите со цел да купат намирници за целиот викенд.
*Поврзана вест: (ГАЛЕРИЈА) Кумановци ги наполнија маркетите пред да почне 56-часовниот полициски час
Во текот на викендот, земјоделците ќе можат да се движат, но само за работни потреби.
Исклучоците од забраната за движење важат и за полицијата, армијата и здравствените работници.
Од понеделник, пак, полицискиот час во Куманово ќе почнува во 16 часот, за разлика од другите градови во државата, каде почнува во 21 часот.
Заострувањето на мерките во Куманово следува откако денеска во овој град беа регистрирани 23 нови случаи на заразени од кои 11 се здравствени работници.
Со денешните, вкупната бројка на заразени со коронавирус во Куманово се искачи на 85.









*Поврзани вести:
Во Куманово за викенди целосна забрана за движење, во работни денови од 16 часот
Димитриевски: Неодговорни поединци сите нè ставија во опасност, ќе издржиме, без паника
Спасовски апеелира кумановци да не паничат: Два-три дена можеме да поминеме во изолација