Вкупно 11 здравствени работници од кумановската болница се потврдени како позитивни на коронавирусот во изминатово деноноќие.
Информација за ТВ Телма ја потврдила директорката на болницата, Снежана Захариева.
Тројца од заболените од коронавирусот се од одделението за рендген, тројца од хирургија, една сестра од гинекологија, еден болничар од инфективното одделение и еден специјализант од инфективното одделение.
Според информациите на Телма, медицинските лица од одделението за рендген се заболени во болницата, каде што веќе имаше позитивни случаи на пациенти. Од хирургија се работи за двајца кои биле во Холандија и цело време биле во карантин, а и уште едната заболена најверојатно е од нејзиното семејство и веднаш кога се појавиле симптомите била испратена дома.
Според информациите од болницата, еден пациент е итно пренесен во болницата „8 Септември“ во Скопје.