Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. За пациентот на 70-годишна возраст од Куманово, кој од претходни заболувања имал хипертензија и срцева слабост, резултат на ковид-19 сè уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.
Во изминатите 24 часа регистрирани се и 46 нови случаи на коронавирус во земјата.
По градови: Скопје – 13, Куманово – 23, Дебар – 2, Прилеп – 1, Тетово – 2, Велес – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска изнесува 430 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во:
Скопје – 208
Куманово -85
Дебар – 49
Штип-15
Прилеп – 22
Тетово – 15
Струга – 9
Велес – 8
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 2
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка- 2
Кочани – 1
Во изминатото деноноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија „Авицена“ – 22, „Биотек“ – 20 и „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4 506 тестирања на Ковид-19.
Од министерството информираат и дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.
Од таму потврдија дека меѓу заболените има нови потврдени случаи на здравствени работници од болницата во Куманово, за кои министерот за здравство Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес-конференција.