Тој посочи дека СДСМ во Собранието предложи мерки за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и финансиска поддршка за земјоделците погодени од кризата. Бара власта да ги разгледа овие предлози и да одговори на барањата на граѓаните
Криминалната власт на ВМРО среде криза ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси, обвини денеска претседаелот на СДСМ, Венко Филипче од Свети Николе. Тој имаше средби со со граѓани и со земјоделци, на кои што разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од овој регион.
„Граѓаните ги споделуваат со нас секојдневните проблеми огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. На огромни трошоци за горивото коешто достигна и 105 денари за литар, нема никаква помош за ниту една критична категорија на граѓани на коишто им е навистина потребна. Пензионерите се со најмалите пензии, социјалните случаи, семејствата со многу деца и луѓето со минимална плата“,
рече Филипче.
Тој посочи дека СДСМ во Собранието предложи мерки за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и финансиска поддршка за земјоделците погодени од кризата. Бара власта да ги разгледа овие предлози и да одговори на барањата на граѓаните.
„Разговаравме за нашите предлози во Собранието, предлог Закон за зголемување на минималната плата од 600 евра и предлог Закон за поддршка финансиска во оваа криза во која се наоќа земјоделството, за што се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка, односно дека барем еднаш во овој изминат период ќе го слушне гласот на народот“,
вели Филипче.
