Премиерот Оливер Спасовски, кој по потекло е од Куманово, вечерва упати апел до кумановците да останат присебни во овие моменти, нагласувајќи дека нема простор за паника заради полицискиот час.
„Апелирам до граѓаните на Куманово навистина да бидат присебни во овие моменти, нема простор за паника, мерката е за викендов и нема потреба дополнително да се изложиме на ризик и да се излегува и купува во маркети, два-три дена може да поминеме во изолација“,
напиша Спасовски. на Фејсбук.
Тој посочи дека одлуката е донесена врз основа на мислења на стручни лица од Комисијата за заразни болести.
„Ова е тешка, рестриктивна одлука, но неминовна да се донесе за да го спасиме животот и здравјето на граѓаните и да го пресечеме патот на ширењето на вирусот“,
напиша премиерот.
*Поврзани вести:
Во Куманово за викенди целосна забрана за движење, во работни денови од 16 часот
(ГАЛЕРИЈА) Кумановци ги наполнија маркетите пред да почне 56-часовниот полициски час
Димитриевски: Неодговорни поединци сите нè ставија во опасност, ќе издржиме, без паника