Одлуката за ограничување на движењето беше неопходна и сите треба да ја почитуваме, апелира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, откако Владата попладнево одлучи да го зголеми полицискиот час во овој град.
Полицискиот час во Куманово ќе почне вечерва во 21 часот, а ќе заврши дури во понеделникот во 5 часот наутро. За време на работните денови, пак, ќе почнува во 16 часот, а ќе завршува во 5 часот.
„Дали требаше да се најави, да секако, општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22 март, тоа што поединци целово оваа време неодговорно се однесувсаат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија. Треба да сме свесни и дисциплинирани можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена. Колективното здравје е приоритет број еден. Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно. Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и ова. Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома“,
апелира Димитриевски до кумановци.
Откако Владата пред околу 3 часа ја соопшти одлуката за полицискиот час, на социјалните мрежи се појавија фотографии од кои може да се види како се создаде голема гужва пред маркетите и аптеките.