Со познатата „Бела чао“, започна првомајскиот протест што во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржува денеска во Скопје, по повод 1 Мај – Ден на трудот
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски ги повика работодавците да се согласат со барањето за линеарно покачување на платите на сите во државата за 2 806 денари и да ја повлечат претставката пред Уставниот суд за недела неработен ден. Во спротивно како што рече овој протест ќе се радикализира со блокади и ќе се претвори во штрајк.
„Плати поголеми уште од утре, бидејќи економската криза ја изеде платата на работникот. Да ја повлечете претставката за недела неработен ден, бидејќи тоа е реалност за работникот. Нема да ви бидеме робови седум дена во неделата. Добро е што уште вака ве повикуваме и на некој начин ве замолуваме. Ќе се собереме, ќе блокираме и овој пртотест лесно ќе прерасне во штрајк – а тоа значи прекин на работата во работно врее. Затоа е време да се договориме и да се опаметите. Време е да ја повлечете претставката пред Уставниот суд“,
рече Димовски во обраќањето пред Стопанската комора.
Протестот на ССМ продолжува пред Владата.