Синдикатот бара линеарно зголемување од 2 806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата
Со познатата „Бела чао“, започна првомајскиот протест што во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржува денеска во Скопје, по повод 1 Мај – Ден на трудот.
Меѓу големиот број присутни граѓани може да се видат ознаките на повеќе синдикални организации, а има и пензионери.
Протестот започна пред седиштето а ССМ, а ќе се движи пред Собранието, потоа пред Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата каде ќе бидат упатени барањата.
Овогодишниот протест е под мотото „Се да застане за работникот да опстане“, и е за усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата.
Синдикатот бара линеарно зголемување од 2 806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата.