Околу сто илјади демонстранти денеска излегоа на протест во центарот на Минск, разочарани од изборите со кои долгогодишниот претседател Александар Лукашенко остана на власт.

Ова е четврт викенд по ред со протести, кои се одржуваат во речиси сите региони на Белорусија.
Белоруската група за човекови права „Вијасна“ соопшти дека се приведени десетици демонстранти во Минск, чиј центар го чуваа голем број припадници на полицијата.
Участники акции протеста «Марш единства» идут мимо стелы «Минск — город герой» к резиденции Лукашенко. pic.twitter.com/E4DpFB4xE1
— TJ (@tjournal) September 6, 2020
Покрај масовните безбедносни сили, на улиците имаше и водени топови и оклопни возила, а барикадите и бодликавите жици ги затворија влезовите во метрото.
Лукашенко (66) е на власт 26 години и одбива дијалог со опозицијата и покрај речиси секојдневните протести против него, обвинувајќи го Западот за заговор за негово соборување од власт.